Градот Ровињ е совршено место за сите оние кои сакаат сентиментална атмосвера. На Медитеранот таа ретро и романтична атмосвера можете да ја пронајдете во градот кој својот романтичен живот го започнал на островот, на кој куќите се збиено градени, уличките тесни и плоштадите мали, и сеуште недопрени од модерниот урбанизам.
Ровињ е место кое нуди многу можности – шетање низ прекрасната природа, спортски и забавни активности, едрење, нуркање, археолошки наоѓалишта, кулинарски специјалитети, и сето тоа е поврзано со престој во висококвалитетните хотели, туристички населби и кампови.