Сама се вовлече во тоа. Сосема по желба. Веруваше дека љубовта помеѓу вас е толку вистинска, како во соништата. Но вистината е друга и ти веќе ја гледаш. Вљубена си само ти, тој е полувљубен. И тебе ти е тешко. И ти повеќе не си истата.
Ноќе тонеш во мислите и се прашуваш, ти ли не ја процени ситуацијата, тој ли стана друг, каде одиш и дали ќе издржиш. И најлошиот дел дел е дека друг излез не гледаш, бидејќи си опседната. Емотивно си го заробила умот со идејата да бидеш среќна во оваа формација.
Да, знам, сакаш да избегаш и да почнеш се од почеток, да замислиш дека тој никогаш не постоел. Полуљубовта да ја избришеш од спомените, да не се сеќаваш на неговото лице. Но не можеш. Немаш сили да го направиш тоа. Слаба си. Тешко ти е на глас да го признаеш тоа. Но во умот ти е како грамофонска плоча која никогаш не завршува.
Нешто повеќе – не сакаш. Не сакаш да избегаш, исто толку колку што не сакаш да го трпиш недостигот на нежност и потпора од негова страна, вниманието за тебе, пред она за другите, зборови посветени на вас и само на вас. Не сакаш, бидејќи покрај сето тоа веруваш дека конечно ќе бидеш среќна со него по начинот на кој си го претставуваш.
Но дали? Дали додека чекаш половина да стане целина, не загуби парченце по парченце од себе? Дали живеејќи во надеж, безнадежен ти се покажа секоја ден што измина. Дали мечтата те наведува на пат кој ти носи повеќе разочарување и болка отколку топли чувства на кои си способна?
Не ја оставај љубовта во себе несподелена, но не ја посветувај никому залудно. Зошто љубовта бездомна неможе да остане. Иако понекогаш е оставена сама, надвор на патот.