Мојата кујна

Потпечени пица макарони

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400гр макарони

* 300гр печурки

* произволна количина на паризер, и пилешка шунка

* кашкавал

* кечап

* оригано по вкус

* малку маргарин

ЗА ПРЕЛИВОТ:

* 2јајца

* 1 чаша јогурт

* малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Сварете ги макароните во солена вода, ицедете ги и измијте ги со ладна вода.
  • Додадете ја шунката исецкана на коцки, ренданиот паризер, кашкавалот исечен на коцки, малку кечап и оригано.
  • На малку масло издинстајте ги печурките исечени на листови, додадете сол.
  • Откако ќе ги издинстате додадете ги во првата смеса и добро измешајте.
  • Смесата ставете ја во ватростален сад, премачкан со малку маргарин.
  • Премачкајте со кечап, и изрендајте малку кашакавал.
  • Изматете ги јајцата и јогуртот, ставете сол, па полиете го врз кашкавалот.
  • Ставете ја смесата во рерна и печете на 200 степени.

1 Comment

Write A Comment