Празот не содржи масти, но затоа е богат со многу влакна и многу витамини.
Празот е нискокалоричен што го прави многу добар за луѓето со прекумерна тежина. Голем дел од лековитите својства се должат на содржаните во него фитонциди кои имаат дезинфицирачко и антибактериско дејство. Погоден е за бремени жени поради присуство на фолна киселина. Многу добар антиоксидант кој успешно се бори со слободните радикали. Од страна на професионалци се препорачува како превентивна мерка против рак на желудникот. Според народната медицина се смета дека состојките на празот го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Погоден е за болести како астма, дијабетис, и разни инфекции. Го зајакнува нервниот систем и помага за побрзо зараснување на раните. Ја одржува кожата мазна и здрава. Употребата на праз влијае позитивно на дигестивниот систем и ја помага срцевата активност, бидејќи содржи многу влакна, ги убива бактериите во желудникот. Се препорачува за лекување на настинка. Ја подобрува активноста на бубрезите.