Убавина

Преборете се со првутот во домашни услови

На пазарот се нудат најразлични препарати за миење и третирање на кожата на главата, но не мал дел од нив се неефикасни или содржат агресивни хемиски агенси, кои го надразнуваат скалпот.

Потребни намирници за приготвување на смесата:

–          Половина чаша масло од гроздови семки,

–          2 лажици пченично нишесте,

–          1 лажичка јаболков оцет,

Измешајте ги во стаклен сад маслото, оцетот и нишестето. Измијте ја косата со топла вода и нанесете од смесата на скалпот и при тоа масирајте неколку минути. Потоа нанесете најлонска капа и топла крпа и оставете смесата да делува половина час. Исплакнете добро со шампон и вода.

Напиши коментар