ШоуБиз

Преговорите се во тек, Бионсе со уште еден концерт во Белград

Една од најголемите звезди на светот, Бионсе планира да направи уште еден концерт во Белград. Иако првиот концерт кој пеачката ќе го одржи на 15 април е веќе распродаден, организаторите се во преговори со тимот на пеачката околу организирање на додатен концерт во главниот град.

“Концертот на Бионсе во Белград е распродаден во рекорден рок, што ги охрабрило организаторите да стапат во контакт со тимот на пеачката за организирање на уште еден”, открива еден извор. “Проблемот околу новиот датум е тој, што во случај на организирање и новиот концерт мора да биде распродаден до крај, а домашните организатори не знаат да ли се спремни на таков ризик”, заклучува изворот. Бионсе ќе пристигне во Белград  на 13 април, кога ќе започне со поставување на нејзината бина во Арената.

Напиши коментар