Motherhood

Прегратката, која врати едно бебе во живот!

Кејт Ог живее во Австралија. Во 2010 година забременува и се испоставува дека чека близнаци. Среќата е огромна, неспоредлива и двојна. До моментот во кој бебињата решаваат да се појават предвреме на виделина.

Џејми се раѓа прв, а Емили доаѓа 2 минути по него. Братче и сестриче ги земаат првите голтки воздух. Но за момченцето изгледа дека тие ќе бидат и последни.

Лекарите им велат на родителите дека едно од бебињата починало. И Кејт посакува да се збогува со него. Го става Џејми врз своите гради и почнува да го милува, гали и бакнува. Сопругот е до неа, двајцата ги доживуваат најтешките моменти во животот.

Меѓутоа, по 5 минути се случува чудо. Момченцето се обидува да земе воздух. Рекалите рекле дека тоа е најверојатно рефлекс. Но Џејми продолжил со обидите да се врати во живот. Не долго потоа, ги отворил очите и го фатил прстот на мајка си.

Лекарите не можеле да поверуваат што се случува . сите повторувале дека тоа не е можно, дека е чудо.

Кејт ја објаснува случката со таканаречениот Kangaroo Care метод (“Кенгурова грижа”) . Според него, допирот на мајката му ја обезбедува на новороденчето познатата средина која штотуку ја напуштило. И тоа има позитивно влијание врз него.

Денес Емили и Џејми имаат скоро 3 години. Имаат и братче: малиот Чарли. Мајка им се шегува дека кога близнаците ќе прашаат кој е поголем, таа им вели: “Џејми е 2 минути поголем. Но Емили е на овој свет малку подолго”.

Прегръдката, която върна едно бебе към живота

 

Напиши коментар