Оваа луксузна резиденција на езерото Tahoe која завзема површина од 1.7 хектари, окружена е со шума и е прекрасно место за одмор од гужвата и врeвата. Се наоѓа во Incline Village во Невада. Има 5 спални соби, 5 бањи, приватна плажа од 50 метри на самото езеро и неверојатни апартмани за гости со одвоени влезови.
Ова прекрасно ремек дело на архитектурата има неверојатни погледи на езерото и Sierra планините и нивните снежни врвови. Дворот се состои од прекрасни градини со зелени борови, цвеќиња, два приватни бунари, поточе и многу патеки за прошетка.












