Ова е минималистичка куќа од соништата, која содржи се што е потребно за еден луксузен живот. Окружена е со дрва и има претходен живот. Некогаш била куќа направена во пеесетите и реновирана во текот на шеесетите и седумдесетите, но последното реновирање е навистина совршено.
Внатрешниот простор нуди приватност, како и голема количина на природна светлина. Приземјето се наоѓа во земја, што овозможува лесен пристап до блиската шума. На ова ниво се наоѓаат и просториите за забава, како и медиската соба, библиотеката и две канцеларии. На горниот кат се наоѓаат спалните соби и теретаната. Ентериерот е во константен контакт со стаклените зидови, надворешните простории, како и со пространиот двор. Комплетно уредената градина совршено се вклопува со архитектурата на оваа модерна резиденција.