Посетата на оваа пространа и разнолика земја, со сигурност ќе остави подлабока трага од предходните ваши патувања…
Денеска ви го предлагаме луксузниот “Leela Goa” ризорт, синоним за луксуз и навистина раскошен одмор. Овде навистина постојат неверојатно многу начини да го искористите својот ден, да се забавувате, да научите нешто за овдешната култура…
Комплексот располага со 206 апартмани и соби, помеѓу реката Сал и Арапското море. Архитектурата е во португалски стил, додека ентериерот му припаѓа на локалниот стил, со многу декорации на овдешната култура.
Услугата во комплексот е навистина извонредна, па на гостите на располагање им стои речиси се сто ќе посакаат. На пример, достапен е превоз со лимузина до иод аеродром, приватен батлер, ексклузивен клуб, бар, прекрасно дизајнирани базени…
Апартманите и собите, овозможуваат вонсериски комфор. Шест ресторани и барови, ќе ви овозможат извонредна индиска кујна, како и првокласни коктели. Ова уживање пропратено со музика во живо, ќе ви биде достапен секој ден.