Дефинирана со околина која ги поттикнува емоциите па дури и на изгубените души, Virgin Gorda е локацијата на која се наоѓа престижната и луксузна Bayhouse Villa…
Со прекрасен поглед на Карипското море, островите и плажите, оваа модерна вила е сочинета од два одвоени дела. Првиот е оној во кој се наоѓа просторот за живеење, кујната, како и бањата, додека во другиот дел се наоѓаат трите спални соби со своите приватни тераси и бањи.
Овие делови се поврзани со покриена надворешна тераса, со базен кој има поглед на површината на водата која светка на месечината. Оваа вила има отворен пристап кон плажата, така да можете да бидете сигурни дека тука имате искуство на вистински луксуз.