Апартманот кој денеска ќе ви го претставиме се наоѓа во Москва. Домот има многу детали кои го прават уникатен и е дело на Kirill Isomin. Главната цел била да се создаде пријатен, весел и топол дом за семејство со две деца.
Овој дом е дизајниран на начин кој овозможува да се искористат предностите на сонцето и ориентација на прозорците. Собите се исполнети со светлина, а таму каде што тоа не било можно дизајнерот го искористил недостатокот во своја полза.















