Мојата кујна

Принцес крофни со бадеми

Потребни состојки за тестото:

125гр маргарин

250мл вода

125гр брашно

4 јајца

Сол

За кремот:

1 кесичка пудинг од ванила

500мл млеко

4 лажици шеќер

200гр маргарин

Подготовка:

Маргаринот заедно со водата и солта растопете ги на умерен оган, додадете го брашното, добро измешајте и тргнете го од шпоретот. На изладеното тесто, со постојано мешање додадете му ги изматените јајца. Шприцот наполнете го со тестото и од него дирекно на плехот за печење обложен со хартија ставајте од тестото. Внимавајте да оставите доволно место помеѓу крофните. Печете ги крофните во рерна загреана на 200 степени околу десет минути, потоа намалете ја температурата и печете уште пет минути. Оставете ги да се оладат.

Прашокот за пудинг измешајте го со 100мл млеко, па додадете го во садот со шеќерот и останатото млеко и варете пет минути. Пудингот изладете го. Маргаринот истопете го и измешајте го заедно со пудингот. Основниот крем измешајте го со две лажици исецкани ореви и бадеми, па со истиот крем наполнете ги крофните.

 

Напиши коментар