Позната по тоа што на многу храбар начин го покажува своето голо тело на сцената, Џеси Џеј не го бира ниту времето ниту местото кога да се појави во предизвикувачка гардероба, па така облечена се појави на приемот кај принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, во транспарентен комбинезон, кој едвај ги прикриваше нејзините гради.
Пејачката сигурно не помина незабележано додека се поздравуваше со Чарлс, кој според британските медиуми, навистина се грижел за тоа каде гледа, додека се ракува со пејачката.
