Еве како самите да подготвите лековити препарати од црна ротквица:
Сируп против бронхијална астма
СОСТОЈКИ: 2 чаши сок од морков, 2 чаши сок од цвекло,2 чаши сок од црна ротквица, 2 чаши сок од брусница, чаша сок од алое и 10 лимони.
ПОДГОТОВКА: Измешајте ги свежо цедените сокови. Во машина за мелење месо измелете ги 10-те лимони заедно со кората, но без семките. Додадете 200мл алкохол (ракија, вотка) и 500гр шеќер. Сите состојки ставете ги во тегла и оставете да отстои 20 дена на темно место повремено мешајќи со дрвена лажица. Исцедете.
ПРИМЕНА: Земајте по 30гр три пати на ден половина час пред јадење. Децата треба да земаат половина од дозата.
Сируп против кашлица:
СОСТОЈКИ: Црна ротквица и мед
ПОДГОТОВКА: Исечете го горниот дел од црната ротквица како капак, а внатрешноста издлабете ја, така што ќе добиете “сад” со дебелина 1-1,5см. Во вдлабнатаината ставете една лажица цветен мед и оставете да отстои покриено додека не се создаде сируп (околу 4-5 часа). Кога ќе го потрошите сирупот, повторувајте ја постапката додека ротквицата не се збрчка.
ПРИМЕНА: Земајте една лажица три пати на ден. Ефикасно е против бронхитис, особено кај децата.
