Убавина

Природен пилинг за одстранување на целулит

Доколку подобро погледнете ќе видите дека повеќето од кремите на пазарот наменети за борбата против целулит содржат кофеин. Тоа секако не е случајно, бидејќи тој го зголемува протокот на крвта и така ги намалува масните наслаги под кожата.

Vicky DeRosa, oснивачка на здравствен онлајн клуб со седиште во Њу Џерси, вели дека кафето е нејзиниот прв избор во борбата против целулитот.

А оваа рецепта веќе со години им ја препорачува на жените. Не само што го намалува целулитот, туку од него кожата станува мека и мазна бидејќи со смесата воедно се прави и пилинг.

Потребни состојки:

Еден ден стар талог од кафе

Маслиново масло

Фротирска ракавица

Упатство:

*Во поголем сад измешајте чаша со талог од кафе, маслиново масло и сол. Ставете доволно масло за да добиете густа паста. Ставете сол во зависност од тоа дали сакате груба или нежна смеса за пилинг. Препораката е едно лажиче сол.

*Околу 35 минути пред да се туширате, со фротирска крпа нанесете ја смесата на нозете и на боковите (можете и да ја нанесете на сите делови од телото, а фантастичен резултат ќе видите веќе по една недела од користењето).

*Откако ќе се намачкате, завиткајте се со пешкир и смесата чувајте ја половина час на телото.

*Измијте се со топла вода.

Write A Comment