Убавина

Природна убавина на кожата со алое

Алоето се користи успешно и во козметиката. Неговиот сок има силно хидратантно, навлажнувачко и освежувачко дејство. Алоето ја подобрува циркулацијата, смирува воспаленија и ја стимулира регенерацијата на клетките. За таа цел ви нудиме неколку рецепти за природна убавина, кои можете да ги примените доколку имате алое:

Козметички мраз: Состојки : 2-3 супени лажици сок од алое и ½ чаша мешавина од градинарски чај. Измешајте ги состојките добро, па истурете ги во форми за мраз и замрзнете ги. Со добиените коцки можете да го бришете лицето кога имате потреба од освежување и намалување на порите. Измијте го лицето со вода по 15-20 минути.

Маска од алое со шлаг. Состојки: 1 лажица алое, 1 лажица павлака, 1 лажица кантарион и ½ кафена лажичка мед. Измешајте ги добро состојките и нанесете ја маската на лицето. Оставете ја да дејствува 12-15 минути, а потоа измијте ја со млака вода. Оваа маска не само што ги измазнува брчките, туку ја подмладува и самата кожа.

Маска од алое и цвекло. Состојки: 1 лажица сок од алое, 3 лажици млако и 4 лажици екстракт од кантарион. Цвеклото се мие и се вари 2 часа. Потоа се лупи и ситно се ренда. Во смесата додадете го алоето, измешајте ставете го млекото и кантарионот. Добро измешајте и направете маска на лицето. Чувајте ја маската 10 минути, а потоа измијте го со топла преварена вода. На крајот нанесте крема погодна за вашиот тип на кожа.

Маска од алое со моркови. Состојки:1 лажица сок од алое, 1 мал морков, ½ чаша билни екстракти (најдобро од кантарион). Морковот измијте го, излупете ги и изрендајте го ситно. Во маската додадете го сокот од алое и билните екстракти. Добиената каша нанесете ја на газа и ставете ја на лицето 15-20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

 

Напиши коментар