← НАЗАД НА БОЗА

Природни лекови против изгореници од сонце

Природни лекови против изгореници од сонце
3185 Читања

Доколку во текот на врелите денови изгорите на сонце, еве неколку начини да ги олесните тегобите.

Помалите изгореници успешно ќе ги ублажите со изматена белка од јајце, која создава заштитен слој на кожата. Богатa е со калоген, кој ја обновува кожата, па потребно е да се остави да делува во текот на ноќта.

Маската од кајсии го ублажува чешањето и лупењето на кожата, а доволно е две до три овошја да полите со врела вода за да омекнат, да додадете една лажица мед и да ги ставите на изгорениците.

Сода бикарбоната делува како антисептик и ја спречува инфекцијата на кожата. Доволно е во купка со ладна вода да ставите еден филџан сода бикарбона и да ја оставите на кожата околу 10 минути.

Освен што помагаат кај подочниците, краставиците ја враќаат на кожата природната влажност и ја поттикнуваат циркулацијата, а со самото тоа ја обновуваат.

Доматите се исто така еден од природните лекови кои делуваат против воспаленија, па затоа луѓето кои лесно горат мора да ги имаат при рака. Изгмечете го ладниот домат и направете каша па ставете ја на изгореното место. По 10 минути измијте ја и оставете да се исуши по природен пат.

Медот е исто така еден од најпознатите природни лекови за дезинфекција на рани и изгореници. Од кожата ја извлекува течноста и јаспречува инфекцијата. Доколку сакате да ја ублажите болката, едноставно ставете мед и постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот.

Еден коментар → “Природни лекови против изгореници од сонце”


  1. juli

    5 годинаи пред

    Preubavo

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk