Здраво тело

Природни лекови за алергија

Доколку имате алергија, за ублажување на симптомите пожелно е да конзумирате што повеќе намирници богати со витамин Ц. Притоа не е лошо да знаете дека јаболките, кромидот и зелениот чај ги зголемуваат ефектите на Ц витаминот.

Кромидот и лукот го зајкнуваат имунитетот на организмот па можат да го ублажат лачењето на секретот од носот и алергиското кивање. Во последно време во Шпанија како природен лек за алергија се повеќе се препорачува ладно цедено масло од кромид.

Жен шен- исто така го подобрува имунитетот па не е лошо во текот на денот да се напиете по една чаша чај од оваа билка.

За елиминирање на поленот од носот добро е да ја измиете носната шуплина со вода во која е растворена малку морска сол.

На крајот не заборавајте дека за сузбивање на симптомите на алергискиот ринитис може да помогне инхалација со топол чај од жалфија и камилица, а ефектот може да биде уште подобар доколку во чајот се додадат и неколку капки есенцијално масло од рузмарин и еукалиптус.

Напиши коментар