Убавина

Природни масла за намалување на стриите

Стриите можат да направат да се чувствувате непријатно. Тие се проблеми на кожата кои можат да се појават на било кој дел од телото.

Постојат многу причини за за нивно настанување. Бременоста и дебелината се некои од нив. Примената на некои креми и гелови против стрии можат да ви помогнат да ја намалите нивната видливост. Освен со помош на тие креми и гелови можете да се ослободите од стриите со помош на природни масла. Во продолжение погледнете некои од нив.

Масло од рузмарин

Измешајте го маслото од рузмарин со масло од бадем и секој ден масирајте ја кожата 10-15 минути. Тоа ќе ја затегне кожата и ќе ги намали овие видливи траги.

Маслиново масло

Маслиновото масло е уште едно природно масло кое може да ги намали стриите. Масирање на кожата со маслиново масло ја чува кожата хидрирана, што за возврат ги намалува шансите за создавање на стрии.

Бадемово масло

Бадемовото масло има многу beauty предности кои вклучуваат и лекување на стрии. Измешајте го бадемовото масло со маслиновото масло и пченични зрнца. Нанесте го на стриите и оставете го да преноќи.

Маслото од лаванда

Измешајте пет капки етерично масло од лаванда и две капки маслиново масло. Нанесете на стриите и масирајте околу 20 минути.

Маслото од јојоба

Измешајте 3 лажици масло од јојоба и 5 капки било какво етерично масло. Масирајте ги стриите со оваа мешавина.

Масло од сусам

Ова природно масло помага при отсранување на стриите и ја затегнува кожата.

 

Напиши коментар