Здраво тело

Природни пијалоци за рамен стомак

Зимата е идеално годишно време кога треба да се одвикнете од  засладените сокови и непотребното внесување на додатни калории. За да ја згаснете жедта, испробајте ги овие природни пијалоци и намирници, освен што се вкусни, го забрзуваат метаболизмот.

Вода, водата е наважниот сојузник на здравиот начин на живот, без оглед на тоа да ли сте на диета или не. Таа го поттикнува апсорбирањето на храната и придонесува во детоксикација на организмот. Но доколку не сакате да пиете вода, додадете неколку капки лимон – тоа уште повеќе ќе го забрза вашиот метаболизам.

Мента, освен што ја одржува хигиената на усната шуплина и го елиминира непријатниот здив, таа има диуретичко дејство, ја подтикнува апсорбацијата на маснотиите во организмот и го намалува апетитот.

Ананас, можеби не подсетува на лето, но ова егзотично овошје ќе ви помогне во зимските месеци да постигнете витка линија и потоа самоуверено да прошетате на плажа за неколку месеци. Ензимите кои ги содржи ананасот ја елиминираат надуеноста на стомакот, па затоа ова овошје е идеално за равен стомак.

Зелениот чај, содржи полифеноли, кои се одговорни за поголемо согорување на маснотиите. Пожелно е да го пиете пред вежбање, за да го зголемите топењето на масните наслаги. Една шоља кафе дневно, заменете ја со зелен чај бидејќи така ќе го намалите нивото на холестелор во организмот и ќе се заштитите од вирусни инфекции.

Напиши коментар