Препаратите за исправување на косата се многу барани. Меѓутоа, хемикалиите кои тие ги содржат, за да ја направат вашата коса рамна, имаат штетно дејство по здравјето на вашата коса. Токму поради тоа потребно е да пронајдете алтернатива. Во продолжение погледнете пет природни препарати кои можат да ви помогнат да имате права и убава коса без несакани ефекти.
Третман со топло масло
Освен што ја храни и негува косата, редовниот третман со топло масло може да ви помогне да ја исправите косата. Измешајте кокосово и маслиново масло. По неколку дена, маслиновото масло можете да го замените со бадемово. Втријте ја смесата на косата и завиткајте ја во топол пешкир. По 45 минути измијте ја косата со шампон.
Млеко
Кога станува збор за исправање на косата, млекото е навистина делотворно. Ставете млеко во шише со распрскувач и прскајте по косата. Почекајте половина час додека косата го упие млекото. На крајот измијте ја со шампон.
Сок од лимон и млеко од кокос
Изрендајте кокос, измешајте го со вода па исцедете ја добиената смеса за да го одвоите кокосовото млеко. Додадете сок од лимон и ставете ја смесата во фрижидер на неколку часа. На врвот од смесата ќе се создаде кремаст слој. Токму тој слој треба да го нанесете на косата и да ја завиткате во топол пешкир. По еден час измијте ја косата и почекајте да се исуши.
Мед и млеко
Во млекото додадете мед и мешајте додека да добиете мека паста. За поефикасен резултат, во смесата додадете изгмечени јагоди или банани. Смесата нанесете ја на косата. Откако таа ќе се исуши на косата, измијте ја со млка вода.
Маслиново масло и јајце
Изматете две јајца и додадете адекватна количина маслиново масло. Измешајте и нанесете на косата. По еден час измијте ја косата со шампон.
Напомена: Потребно е било кој од овие третмани да го применувате два пати во неделата, за видливи резултати.