Норвешка е по сите стандарди, една од најубавите земји на планетата, но таа убавина за Норвежаните е огромна одговорност. Тоа се луѓе кој ја сакаат природата, а таа љубов према природата е дел од националниот карактер.
Дивината во Норвешка стана многу повеќе од потрага за одмор, тое е идеја кои тие со задоволство ја прифаќаат, каде бегаат од гужвата и реалноста и каде ги истражуваат сите неверојатни елементи. Ова е најевидентно во националните паркови на оваа земја кои се симбол на нивната желба да ја заштитат и сочуваат својата природна средина, своите прекрасни пејсажи и сите други грациозни елементи на природата.