Добро дојдовте на преубавиот корален остров на Сејшелите, кој со својата раскошна и егзотична убавина ќе ви подари незаборавни денови…
Приватниот остров Денис изобилува со нереална природна убавина. Угостителите од островот ќе ве пречекаат уште на аеродром од каде со мал приватен авион ќе ве донесат на островот дочекани со коктел што ќе биде одличен старт за совршениот одмор на ова рајско место.
На гостите им се на располагање многубројни активности како што се риболов, гњурење, прошетки по островот, возење глисер…Исто така младоженците се добродојдени да го прослават својот меден месец со сите поволности што ги нуди овој раскошен комплекс…