Здраво тело

Прочистете го телото со ѓумбир

Коренот од ѓумбир содржи посебна врста на етерични масла и лути супстанци кои делуваат на нашите нерви, а во исто време го поттикнуваат лачењето на плунката и желудочните сокови. Благодарение на наведените особини, ѓумбирот многу брзо и адекватно ги согорува мастите, односно ги претвара во неоходна енергија. Исто така овие состојки ја помагаат работата на цревата и ги отстрануваат сите штетни состојки и токсини од телото. Коренот од ѓумбир содржи посебни ензими кои ги разложуваат протеините, кои се одговорни за наталожување на штетните материи во цревата. Ренданиот корен од ѓумбир додавајте го во секоја храна која ја подготвувате барем во мали количини. Додадете го во салатите, супите, пилешкото или рибата или пак оризот.

Напиши коментар