ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*10 лажици остро брашно
*100гр брашно
*100гр путер
*4 јајца
*малку сол
ЗА ПРЕЛИВОТ:
*100гр црно чоколадо
*50 лажици слатка павлака
*50гр бело чоколадо
*3 лажици слатка павлака
ПОДГОТОВКА:
Во еден сад со вода ставете го путерот и малку сол. Откако водата ќе зоврие, тргнете го садот од огнот и додадете го брашното, набрзина измешајте и вратете го на огнот. Мешајте се додека тестото не се претвори во топка и тргнете го од огнот да се олади. Откако ќе се олади, додавајте едно по едно јајце и постојано мешајте додека тестото не стане еластично, но не и ретко. Со мало лажиче или со шприц ставајте мали парчиња тесто во подмачкан плех. Најпрво печете во загреана рерна на 200 степени, а по десетина минути смалете ја температурата на 180 степени. Рерната не ја отварајте првите десет минути. Кога профитеролите ќе добијат убава, златножолта боја, извадете ги и оладете ги. Одвоено истопете го белото и црното чоколадо со павлаката, па полиете ги профитеролите со темно, па потоа со бело чоколадо.
