ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакетче прашок за пециво
100гр брашно
Малку сол
Малку масло
1 јајце 0.5 литри јогурт
500гр пченкарно брашно
ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО:
Во поголем сад ставете го пченкарното брашно.
Додадете го брашното.
Додадете го и јајцето.
Додадете го пецивото и сол.
Постепено додавајте јогурт и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
ПЕЧЕЊЕ
Премачкајте го плехот со малку масло.
Рамномерно распоредете ја смесата. Печете ја смесата 5-10 минути.
Откако пројата ќе се испече, оставете ја да се олади па исечете ја на коцки.
Пријатно!