Шишките постојано се дел од модните тенденции. Колку и спорови да има околу тоа дали се модерни или не, шишките многу често се првиот избор на жените кога сакаат нешто да сменат кај фризурата.
А и отвореното чело веќе е демоде. Додавањето на шишки кон секоја фризура придава свежина и елеганција. Ако на тоа додадете црвен кармин и убави обетки ќе создадете навистина софистициран и префинет впечаток.
Освен тоа добро оформените шишки можат да го подмладат лицето со неколку години. Важен момент при изборот на шишки е да се прилагодат на формата на лицето. Еве го нашиот избор за оваа пролет: