Claire Pettibone наскоро ја претстави својата најнова колекција наменета за сезона пролет-лето 2013 за која слободно можеме да кажеме дека е сосема во пролетен дух, со мноштво цветни и свежи акценти.
Моделите се прилично едноставни и елегантни, без типичниот невестински волумен, но затоа прекрасно декорирани со цветови, чипка и префинети материјали употребени во изработката на креациите.