Животот бил грд, дојдени семе на овој свет за да се мачиме, секој ти мисли лошо… Е се изнаслушав такви глупости во последниве денови. Не знам каква е таа мрачна манија, која ги обзеде луѓето во сончевото време! И како тргнало сигурно ќе го прогласат оптимизмот за ментално отстапување! Затоа, ако и вие сте опкружени со облаци или сте на пат да се претворите во такви прочитајте неколку од наједноставните правила на “киомплицираниот живот.
– Проблемите на човекот се претежно во неговата глава.
– Ако не ти е јасно – прашај! Ако не те разбрале – објасни!
– Ако сакаш да излезеш со некого – покани го!
– Не барај извинување за грешките.
– Не се занимавај со луѓе кои не те почитуваат.
– Запомни дека секој си има своја вистина и таа ретко ќе се совпадне со твојата.
– Запомни дека животот е еден, не дозволувај само да поминува.
– Прво треба да се потпреш на себе. Потоа на останатите.
– Емоциите се лош советник!
– Живеј денес, бидејќи вчера помина, а урте може и да не дојде!
– Најважното нешто во животот е љубовта. Сето останато е само суета!
