Семејството на тинејџерката Наташа Скот Фалбер (14) се сомнева дека девојчето настрадало по синдромот на токсичен шок – бактеријска инфекција од која страдаат околу 40 луѓе во Велика Британија.
Наташа Скот Фалбер починала по исклучително ретка инфекција откако за прв пат во животот користела тампон. Тинејџерката починала пет дена откако ги почувствувала првите симптоми на инфекцијата.
Оваа инфекција обично се појавува кога бактериите стафилококи, кои се инаку безопасни, ќе влезат во крвотокот и лачат опасни токсни директно во крвта.
Нејзиното безживотно тело го пронашол нејзиниот татко Мајк Фалбер.

