Керозин

Првите фотографии од новото BMW M3

Спортската лимузина се појави на кориците на британското списание Сar. Една од најочекуваните авто премиери на авто изложбата во Женева што ќе се одржи во почетокот на месец март е новото поколение на BMW M3. Производителите се уште сакаат да останат во тајност деталите околу спортската лимузина, но и покрај тоа имавме шанси да откриеме барем малку за изгледот на овој луксузен автомобил.

Фотографиите изгледаат автентично, и покрај тоа што никаде не се спомнува дека се и официјални. Британците потенцираат дека ова ќе биде најдоброто BMW на сите времиња, бидејќи е со помала тежина, поголема моќ, поголеми димензии и авангардни технологии.

Първи снимки на новото BMW M3

Първи снимки на новото BMW M3

 

 

Напиши коментар