ШоуБиз

Првите официјални фотографии на кралското бебе

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт ги распространиле првите официјални фотографии на нивниот син принцот Џорџ, кои се во спротивност со традицијата, а биле направени од дедото по мајчина линија – Мајкл Мидлтон.

Фактот дека сликите се направени од страна на таткото на Кејт Мидлтон, е новина. Бакингемската палата досега има изнајмувано професионалци за првите фотографии на новороденчињата во кралското семејство. Но принц Џорџ Александар Луис има среќа да биде едно модерно кралско бебе, на кое не му се наметнува да позира пред објективите на великаните во индустријата.

 

Напиши коментар