ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр крем за сладолед
За панирањето:
* 4 јајца
* 1 пакетче обични бисквити
* масло за пржење
* 2 лажици млеко
* 3 лажици трошки од кокос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги мелеме бисквитите заедно со трошките од кокос во блендер.
- Од сладоледот оформуваме топки и ги ставаме во замрзнувач за околу еден час да се стегнат.
- Во еден сад ги мешаме јајцата и млекото.
- Го вадиме сладоледот од замрзнувачот и го тркаламе прво во изматените јајца, потоа во мелените бисквити.
- Повторно ги враќаме во замрзнувач за да се стегнат за уште околу 30 минути.
- Потоа ги кршиме и останатите две јајца и ги тркаламе топчињата во нив. Ги ставаме 2-3 секунди во силно загреано масло.
- Секоја топка ја ставаме во посебна чинија и украсуваме со малку крем и овошје по избор.