ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 банана
* 1 лажица мед
* пола лажица масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Исечете ја бананата на кругчиња.
- Во еден сад измешајте го медот со половина лажица вода и оставете го на страна.
- Ставете масло во тавата за пржење и ставете ја на оган на средна температура.
- Откако маслото малку ќе се загрее, наредете ги бананите и пржете ги на секоја страна една до две минути, односно додека не добијат златно-жолта боја.
- Откако ќе ги превртите на другата страна, веднаш додадете ја мешавината од мед и вода и исклучете ја ринглата.
- Оставете нека се крчка не повеќе од една минута. Извадете ги бананите во друг сад, попрскајте ги со малку цимет и сервирајте.


