Мојата кујна

Пржени лепчиња со ванила

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 30мл масло за пржење

* 1 лажиче шеќер

* 2гр сол

* 1 лажица брашно

* 3 јајца

* 270мл. млеко

* 500гр сув леб

* 20гр шеќер во прав

* 2 лажици ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Исечете го лебот на парчиња со дебелина од околу 1,5см.
  • Во сад го мешаме брашното во 20мл. млеко.
  • Со непрестано мешање, додаваме едно по едно од јајцата, сол, шеќер и ванила.
  • Во друг сад го ставаме останатото млеко.
  • Ги потопуваме лепчињата најпрво само во млекото, а потоа во мешавината со јајца.
  • Ги пржиме до добивање на златна боја во врело масло.
  • Ги сервираме топли.

Write A Comment