Новата генерација на Range Rover полека почнува да се појавува ширум светот , и генералното мислење е дека овој модел ги достигнува новите висини во своите области…
Khan секако нема да ја пропушти можноста и оваа легендарна серија да ја направи онака како тие сметаат дека е прикладно. Уште од Парискиот авто салон Khan работи на изработка на афтермаркет делови за новиот Range.
Ви го представуваме новиот Range Rover Vogue – Black Label. Ќе ви остави навистина голем впечаток, додека се восхитувате на суптилните унапредувања кој уклучуваат нов браник во сатен црна боја, детали на вратата во иста боја, детали на предната маска…
Ентериерот е исто така комплетно среден, почнувајќи од предните и задните седишта, па до најситните детали кој се изработени од кожа.
Што се однесува до бојата, се е подредено на желбата на купувачите, така да секој детал можете да направите по своја желба. Фелните можете да ги порачате во две величини. Преубавите Khan RS600 фелни се 23 или 22 инча.