Оваа прекрасна вила на плажа во Сиднеј, Австралија е луксузна акомодација која навистина остава без здив…
Таа во својата волшебна градина има голем базен и споредна гостинска куќичка. Природните убавини на околните шуми придонесуваат за уште поприроден изглед на куќата чиј ентериер е дизајниран со користење на керамички плочки, камен и дрво со светли бои и најдобар квалитет. Боите на ентериерот се спојуваат со боите на природата која ја окружува викендицата, а дрво е користено дури и за дизајнот на лампите кои ја осветлуваат внатрешноста и надворешноста.












