Motherhood

Разговарајте со детето за сексот

Веројатно не сте свесни дека доколку не разговарате со вашето дете за сексот тоа најверојатно ќе ги добие тие информации однадвор.

Меѓутоа вие сами не знаете кога и на кој начин да ја започнете оваа тема со вашето дете. Со децата не само што треба да разговарате за несаканата бременост, туку и за преносливите болести, генерално за сексуалните односи и контрацепцијата.

Кога е во прашање разговор со дететето не треба да чекате тоа да порасне. Во секојдневниот разговор најдете место и за оваа тема. Не треба да ги избегнувате прашањата за сексот кои вашето дете ви ги поставува, туку потрудете се да одговорите на нив.

Своите ставови за сексуалните односи, како и за взаемното однесување на мажот и жената поделете ги со вашето дете. Дозволте му  и тоа  да има свое мислење кое секако може да се разликува од вашето.

Разговорот за сексот треба да го прилагодите на возраста на детето. Одговорете му на начин на кој тоа може најлесно да разбере. Не давајте опширни објаснувања, дадете само конкретен одговор на поставеното прашање.

Бидете спремни и на тоа дека нема секогаш да имате одговр на секое прашање и објаснете му дека и родителите не знаат секогаш се.

Почнете рано да разговарате со детето за сексот, но немојте премногу да го форсирате. Слушајте го вашето дете и бидете искрени и стрпливи.

Напиши коментар