Дестинации

Река од рајот

Дали некогаш сте посакале да зачекорите во вистинска импресионистичка слика?

Во Колумбија, тоа е можно! Секако, ако одлучите да ја посетите необичната река преполна со живи бои, за која велат дека е една од најубавите реки во светот. Петте бои кои кои ја обележуваат оваа река, ја прават светски позната и многумина ја опишуваат како река која “избегала од рајот”.

Реката Кано Кристалес е преполна со бои поради алгите и мовта кои растат во неа. Бојата на реката се менува во зависност од годишното време и количината на вода. Во сезона на дождови реката е брза и длабока, и растенијата во неа не добиваат доволно светлина. Во време на суша нема доволно вода за нив.

Освен тоа, Кано Кристалес не се разликува многу од другите реки во поголемиот дел од годината. Бистрата вода се влева во бројни брзаци и паѓа во големи и мали водопади над карпите прекриени со обичен зелен мов.

Во периодот помеѓу сезоната на дождови и сушата, нивото на вода во реката е доволно за многу видови на алги да процветаат во спектакуларни бои. Во реката тогаш може да се забележи права експлозија на илјадници нијанси на жолта, црвена, зелена, плава и црна боја. Овој спектакл трае неколку недели, од септември до ноември.

Најубавата река на светот е долга нешто помалку од 100 километри и широка 20-тина метри. Се наоѓа на планината Макарена (Национален парк Сераниа де ла Макарена). Најблизок град е Ла Макарена до кој може да се стигне со авион во органиација на бројни колумбиски туристички агенции. Од градот се организираат тури за разгледување на реката.

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (1)

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (2)

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (4)

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (5)

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (6)

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (7)

destinacije putovanja kollumbija reka-koja-je-pobegla-iz-raja (8)

 

Write A Comment