ШоуБиз

Ријана е трудна?

Најновата вест која се појави на интернет е дека поп звездата Ријана е трудна. Пеачката е видена во вторникот навечер како излегува од една здравствена установа на Беверли Хилс.

Аргументите дека Ријана е навистина трудна медиумите ги пронаоѓаат во тоа што откажала дури четири концерти . Извор близок до пеачката пред еден месец откри дека причината за одложување на концертите е таа што пеачката има проблеми со грлото. Додека нејзините менаџери ја демантираат бременоста, многумина се надеваат дека бебето ќе и даде друга шанса на љубовта помеѓу неа и Крис Браун.

Напиши коментар