
Крис Браун пред неколку дена ја изненади јавноста откако најави дека на неговиот нов албум сепак ќе се најде песната направена со Ријана, меѓутоа неговата бивша девојка јасно му ставила на знаење што мисли за тоа. Набрзо по неговата изјава, Ријана поставила фотографија на инстаграм и напишала:”Ку*ко, ќе умреш, повторно ќе се родиш, ќе умреш повторно и повторно ќе се родиш пред да направам уште една песна со тебе, ку*ко.” “Крис не верува дека Ријана го нападна. Тој само го најави албумот и го објави списокот на своите соработници, а таа го нападна”, пренесува извор близок на пеачката. “Која е целта на сето ова? Таа му е бивша девојка, сигурно нема туку така да ја нападне во јавноста. Тој едноставно ќе го преќути сето ова, како никогаш да не се случило”.
