Пеачката Ријана (24) и рaперот Крис Браун (23) се избегнуваа кога се појавиа во истиот ноќен клуб во Лос Анџелес.
На доделувањето на Греми наградите во неделта навечер Крис и Ријана изгледаа среќно и заљубено . Но, како што пренесуваат странските медиуми, во средата навечер се избегнуваа еден со друг во ноќниот клуб во Лос Анџелес.
Како што тврди изворот , Ријана наводно не знаела дека и Крис ќе се појави на истото место. Кога домаќините на клубот ја прашале да ли сака да седи покрај своето момче, таа ја одбила понудата.
“Ријана одбиваше да седи покрај Крис или било каде во негова близина. На Крис исто така не му беше драго кога ја примети Ријана. Набрзо нарача уште три боци алкохол, а со нив доби и прскалки додека го послужуваа разголени конобарки”, кажа изворот.
Парот во клубот дошол одвоено и одвоено си заминал. Во текот на целата вечер не комуницирале. По настапот на Ријана на доделувањето на Греми наградите се шпекулираше дека тие се вериле, поради дијамантскиот прстен кој таа го носела.