← НАЗАД НА БОЗА

Ријана отворено за својата љубов

Ријана отворено за својата љубов
837 Читања

Ријана ја шокираше јавноста кога минатата година реши да се смири со бившиот дечко Крис Браун. Во интервјуто за фебруарскиот број на списанието Rolling Stone, 24 годишната ѕвезда тврди дека нивната сегашна врска е различна во споредба од она што се случуваше во периодот од 2007 – 2009г.

Откако Крис беше обвинет за напад врз Ријана во фебруари 2009 година, таа призна дека сакала да го повреди, макар што сеуште го сакала.

„Сакав тој да знае какво е чувството кога ќе ме изгуби. Да ги осети последиците од тоа“.

Кога Ријана реши да му даде втора шанса, таа знаеше дека ќе биде критикувана од јавноста и фановите, пријателите и медиумите, но таа реши да го слуша срцето, за што ние ја поздравуваме!

„Решив дека за мене е поважно да бидам среќна и нема да дозволам туѓото мислење да ми попречи. Дури и ако грешам, тоа е моја грешка. Се измачував, бев гневна и мрачна годините уназад, но сега живеам вистински. Спремна сум да се исправам пред сите и пред се. Можам да се справам!“…ете што изјави Ријана за својата љубов.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk