ШоуБиз

Ријана во страв за својот живот

Откако минатата недела побарала забрана за приоѓање на еден обожавател, кој по грешка провалил во соседната куќа мислејќи дека е на пеачката, Ријана побарала дополнителна заштита од телохранителите.

Пеачката е неодамна видена како од еден ноќен клуб излегува окружена со пет телохранители. Таа неодамна доживеала непријатна ситуација, кога на неа насрнал обожавател, додека со пријателките се забавувала во холивудскиот клуб “Playhouse”.

Непознат маж ја погодил со шише додека излегувала од клубот. Пеачката била принудена да побара лекарска помош, бидејќи паднала и ги повредила колената.

Еден од телохранителите бил исто така повреден додека настојувал да го фати напаѓачот кој наводно, пред  да ја погоди пеачката кажал нешто за нејзиниот дечко Крис Браун.

Напиши коментар