Мојата кујна

Ролат со кокос и чоколадо

Потребни состојки:

300 гр. мелени бисквити
200 гр. шеќер во прав
4 лажици какао
200 мл. црно кафе
200 гр. кокосово брашно
150 гр. шеќер
200 гр. путер

Припрема:

Ставете ги бисквитите, шеќерот во прав, какаото и кафето во подлабок сад и промешајте се додека смесата не се соедини. Врз пластична фолија од смесата направете правоаголник.

Во посебен сад изматете го путерот и шеќерот се додека не добиете пенеста и мазна смеса. Додадете го кокосовото брашно и промешајте ја смесата, па рамномерно распоредете ја врз претходната смеса.

Свиткајте ги двата дела во ролат и ставете го во фрижидер за да се излади и стегне. Исечете го ролатот на парчиња кои скалесто ќе ги наредите на чинија за сервирање. Добар апетит.

 

Напиши коментар