Потребни состојки:
4 јајца
0,5 шољи шеќер+ 2 лажици
2 лажици врела вода
60гр рендано чоколадо за готвење
0,5 шољи брашно
Полна лажица прашок за пециво
Шоља слатка павлака за шлаг
2 лажичиња шеќер во прав
Лажиче арома од ванила
Подготовка:
Подмачкајте плех со димензии 25 по 30 сантими и обложете го со хартија за печење. Изматете ги жолчките и пола шоља шеќер, па додадете врела вода и чоколадо, а потоа брашното со прашокот за пециво. Изматете шлаг од белките и полека соединете ги со чоколадната маса. Ставете ги во плех и печете во рерна на 180 степени, околу 12 минути. Ставете на хартија за печење посипана со шеќер и завиткајте ја кората заедно со хартијата. Оставете две минути, и потоа одмотајте и оставете да се олади. Изматете шлаг од слатката павлака со шеќерот во прав и аромата од ванила, премачкајте ја кората и завиткајте ја во ролат. Украсете со изматената слатка павлака или шлагот и рендано чоколадо.
