ШоуБиз

Романтична веридба на Карибите: Се мажи Пипа Мидлтон?

Пипа Мидлтон и нејзиниот дечко Нико Џексон се упатија на романтичен одмор на Карибите и тоа во тајност, судејќи по зборовите на пријателите, кои исто така тврдат дека парот на ова патување направил и веридба. Сигурни извори блиски до парот велат дека Пипа и Нико биле на одмор две недели, и дека изнајмиле вила на островот Мистик.
Пипа (29) и Џексон се во врска веќе шест месеци. Медиумите веќе објавија дека парот е спремен за брак. Сега откако Кејт Мидлтон, сестрата на Пипа се породи, тие повеќе не мораат да ја одложуваат веридбата и венчавката. Иако сите се уверени дека веридбата веќе се случила, сигурни извори тврдат дека оваа вест нема да биде објавена се до 30-от роденден на Пипа.

Write A Comment