Кога човек ќе ја разгледа невестинската колекција за ова лето, дело на Marina Kovalchuk невозможно е да не се воодушеви и да се вљуби во прекрасните фустани.
Критериумите за убави венчаници се менувале со текот на времето и несомнено продолжуваат да се менуваат. Но едно е сигурно – има некои работи, како што е на пример елегантната иромантична венчаница, чија вредност никогаш не опаѓа.
Романтични, женствени и вечни – така би ги опишале моделите од последната колекција на Marina Kovalchuk.