Прекрасна свадбена колекција од Pallas Couture 2013/2014 што го носи името , “Destinné”. Моделите од овој водечки австралиски бренд се извор на инспирација за жените ширум светот, а ќе можете да избирате помеѓу романтичниот и сексапилен стил, овде ги има и двата типа венчаници. Венчаниците се украсени со спектакуларни монистра и кристали, а префинетите материјали ја прават креацијата уште помагична.